Уште двајца наставници од Скопје заразени со Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Skolo

Наставничка по англиски од „Владо Тасевски“ во Карпош е позитивна на корона. Од општината за Телма велат дека таа им предавала на второоделеници, но и дека никој од нив не е во изоалција . Наставничата од средата се изолирала, а во четвртокот добила позитивен тест.

— реклама —

„По констатираната состојба (во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ‘Владо Тасевски’. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритмот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација“, велат од општина Карпош .

А , уште еден случај на заразен наставник и во општина Центар. Во основото училиште „Димитар Миладинов“ наставникот по физичко , од саботата пројавил симптоми на корона.

— реклама —

За сега повеќе од 50 основци и 10 наставници се позитивни или се во изолација поради тоа што биле во контакт со заразен од корона .

извор: Телма

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања