Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Уште еден производител на телефони го отфрла полначот од пакувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

По Apple, па Samsung, друг производител на мобилни телефони го елиминираше полначот од пакувањето.

— реклама —

Oppo ја брендираше својата технологија за брзо полнење наречена SuperVOOC која постигнува одлични резултати. Сепак, ништо не трае вечно, а како што пренесува GSMArena, компанијата Oppo лошата вест и ја пренела на публиката при претставувањето на серијата телефони Reno8 на европскиот пазар.

Според заменик-директорот за операции на Oppo, Били Жанг, од следната година можеме да очекуваме полначите да отсуствуваат од пакувањето на неколку уреди.

— реклама —

Жанг изјави: „Следната година ќе го отстраниме полначот од пакувањето на неколку производи, но имаме план бидејќи знаеме дека на нашите клиенти не им е лесно да добијат SuperVOOC полнач. Планираме да ги прошириме нашите операции, но истите тие полначи ќе ги направиме достапни во продавниците за да можете да ги купите и да продолжите да ги користите дури и кога ќе го промените телефонот“.

— реклама —

Причината?

Повеќе производители на мобилни телефони одлучија да го елиминираат полначот од пакувањето. Првиот беше, се разбира, Apple, следен од Samsung, па логично беше да се очекува и другите производители на мобилни телефони да ги следат трендовите. Да не заборавиме, сето тоа под образложение на екологија и фрлање полначи и разни полулогични објаснувања. И не смее да се заборави фактот дека цените на уредите не се намалуваат, туку се зголемуваат.

— реклама —

Ситуацијата со телефоните Oppo е малку поконкретна поради самата технологија за полнење SuperVOOC, која достигнува големи брзини и беше една од функционалностите што го одвојуваа овој производител од конкуренцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

galaxy-s22-ultra-share-image

Galaxy S26 Ultra со потег што може да ја смени индустријата

Магазин | пред 3 месеци

— реклама —
mobilen-telefon

Директорка од Куманово си ги присвоила службените мобилни телефони

Македонија | пред 7 месеци

media-library64312d26qmnq6hIs3dW

Овие се познатите „цигли“ кои беа бисери: пет модели на телефони кои владееја со светот

Магазин | пред 8 месеци

media-libraryhemoiao906c07xLpFyk

Стапуваат на сила казните, 40 евра за пешак со телефон, 50 евра за тротинет на пешачки

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања