„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Уште една средба на историчарите без договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
make-bugarska-komisija

Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи, брифираат од македонскиот тим на Комисијата.

— реклама —

– На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување. Двете страни разменија предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование. Од македонска страна беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи. За жал, очигледно е отсуството на волја кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина“. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем, објави НОВА МАКЕДОНИЈА. 

Од македонскиот тим Комисија, која вчера и денеска го одржа 14. состанок, велат дека овие два дена ги имале најтешките разговори досега, а во однос на дискусијата за заедничките чествувања, Комисијата отвори дискусија за Григор Прличев, откако претходно бугарската страна не прифати оваа личност да биде чествувана од страна на С Македонија, Бугарија и Грција.

— реклама —

– На предлогот на македонскиот тим, дискусијата да продолжи врз основа на првично усогласениот текст за трипартитно чествување кое се наоѓа во заклучоците на записникот од третата средба и Првиот годишен извештај и прифатено од бугарската страна, бугарските колеги спротивно на заедничките заклучоци предложија нов текст кој македонските членови на Комисијата го оценија како навредлив за чувствата на етничките Македонци и сите граѓани на С Македонија. Членовите на Комисијата имаа можност да дискутираат и за Гоце Делчев – велат оттаму.

Текстот во целост на: НОВА МАКЕДОНИЈА. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања