Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Уште неколку часа пријавување на јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
odzak-zapalen

Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска (30.11.2021 година), на полноќ, се затвора Јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци за 2021 година.

Со тоа, од 01.12.2021 година електронски поднесените барања за субвенционирање на граѓаните и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година нема да се прифатат и да се разгледуваат од Комисијата.

— реклама —

За потсетување, на овој јавен повик може да учествуваат физички и правни лица

— реклама —

чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на Град Скопје (општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај). Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистењето оџаци се во нето износ најмногу до 1.200 денари по домаќинство, односно по правен субјект. Притоа, персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.

— реклама —

Пополнување на апликацијата за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за чистење оџаци со личните податоци/податоци за правното лице е електронски достапно преку www.skopje.gov.mk, aplikacii.skopjelab.mk или директно на линкот https://aplikacii.skopjelab.mk/odzaci/.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања