Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Утре бојкот на наставата, најави неформална граѓанска иницијатива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ucebnici

Неформална група граѓани здружени на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има" денеска пред Министерсството за образование и наука побараа да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование и за утре најави бојкот на наставата. Иницијаторите побараа од Министерството да се организира јавна расправа за предложениот закон, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции, објави МКД.МК.

— реклама —

Според иницијаторите, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови, има и недоследности и импликации во останатите закони што се однесуваат на образованието во земјава.

„Законот не е во интерес на иднината на децата, нивното физичко и ментално здравје, развојот на нивниот потенцијал, а непосредно ќе се одрази и на здравјето на родителите, наставниците и останатите инволвирани во образовниот процес“, изјави Драгана Спасевска, која рече дека е воспитувачка од Битола и мајка на три деца, а фејсбук-групата има над 70.000 приврзаници.

— реклама —

Таа нагласи дека тие се "гласот на родителите", кои алармираат дека во државата има руинирани училишта без нормални услови за настава, дека секое седмо дете нема ИТ- уред и интернет. Нагласи дека не се против осовременување на образованието со дигитални алатки, но тие да бидат дополнителни помагала, а печатените учебници да останат во употреба.

„Во нашата фејсбук-група направивме и анкета во која родителите имаат многу барања во образованието – печатените учебници да останат во употреба во наставата, да нема спојување на два предмета во еден, да се исклучи сеопфатното родово сензитивно образование, што побргу да се донесат протоколи за враќање на децата во училишните клупи и нам, родителите, да ни се овозможи да имаме право да предлагаме изучување на темите во образовнието“, рече Спасевска.

Таа соопшти дека „за да ја сфатат сериозноста" на нивните намери, утре ќе организираат бојкот на наставата – и на онлајн и на наставата со физичко присуство, во основното и во средно образование, а доколку не биде прифатено нивното барање, ќе следуваат протести и барање оставка од министерката Мила Царовска, како и иницијатива за непосредно изјаснување на граѓаните.

Текстот во целост на: МКД.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања