Утре е Свети Игнат: Народните верувања велат – каков ќе биде 2 јануари, таква ќе биде и целата година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7v30g9ljqc8gfOkKAyK

Утре, на 2 јануари, во народниот календар се одбележува празникот Свети Игнат, ден кој, според верувањата, има особено значење за тоа како ќе се одвива годината што следи. Се смета дека од овој ден започнува постепено да се зголемува денот, симболично носејќи нова животна енергија и надеж.

— реклама —

Според народните преданија, сè што човек ќе го прави или што ќе му се случува на Свети Игнат ќе биде знак за текот на целата година. Оттука и верувањето дека каков ќе биде 2 јануари – таква ќе биде и годината пред нас.

— реклама —

Посебно внимание, според обичаите, се обрнува на првиот човек што ќе влезе во домот. Ако тоа е млад, весел и позитивен човек, се верува дека носи среќа, бериќет и радост. Доколку, пак, прв влезе постара личност, народот верувал дека годината нема да биде поволна.

— реклама —

Затоа се советува овој ден да помине во добро расположение, без кавги и нервози, со позитивни мисли и убави дела. Народот верува дека треба да се прави само она што човек би сакал да го следи во текот на целата година – мир, насмевки и спокојство.

Како дел од традицијата, се препорачува и пред спиење да се прочита неколку страници од добра книга, со желба, како што велат старите, „умно да тргне годината“. Свети Игнат е и потсетник да не се заборават блиските, да се искаже благодарност и љубов и денот да се исполни со мир и добрина.

Во народното верување, 2 јануари е симбол на убав почеток и надеж за спокојна и среќна година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања