Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Утре истекува мерката за пониско ДДВ за горивата – ќе има ли продолжување?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o
unsplash

Утре истекува мерката со која ДДВ-то за горивата беше намалено од 18 на 10 отсто, а во истиот период се очекува и нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цените на горивата, која ќе важи во следните седум дена.

— реклама —

Мерката Владата ја донесе на 13 септември, а почна да се применува од 15 септември, со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството поради осцилациите на пазарот на нафтени деривати.

— реклама —

Намалувањето на ДДВ-то најмногу се одрази кај дизелот, овозможувајќи цената да биде пониска за околу 2 денари за литар, наместо да се реализира очекуваното поскапување.

Дали мерката ќе продолжи и по истекот на рокот треба да одлучи Владата.

— реклама —

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, дизелот се продава за 104,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 чини 99 денари, додека цената на Еуросупер БС-98 е 101 денар за литар.

— реклама —

Нарушувањата во глобалното снабдување со енергенси ги натераа европските држави да преземаат различни мерки за ублажување на последиците, меѓу кои намалување на даноците и директни субвенции и финансиска помош за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ поскапуваат горивата: бензинот за два денари, дизелот за еден денар

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 1 седмица

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот останува со иста цена

Македонија | пред 1 седмица

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата од полноќ: бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот поскапува за 2 денари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања