Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Утре изменет сообраќаен режим во Скопје поради „Виз Ер“ скопскиот маратон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-librarymh5h9od96okiaKSvvbX

Дел од улиците и булеварите во Скопје утре од 6 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај поради одржувањето на 22. Виз Ер скопски маратон. Возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници, зависно од движењето на учесниците.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

— реклама —

Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, на потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

— реклама —
— реклама —

Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

На овие сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 6 до 14 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен.

Организаторите ги повикуваат граѓаните на разбирање поради привремениот сообраќаен режим и да го испланираат своето движење во недела, со користење алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryckd1is3otrtq0WJNLzd

(Фото) Рекордни 15.020 учесници на улиците на главниот град: И македонската фаланга е на скопскиот маратон

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
IMG_7134

Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот

Скопје | пред 3 седмици

tose

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, 18 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда

Македонија | пред 1 година

media-library1gh0s95o6f7ibmbZzO7

Помотивирачка вест нема да прочитате: Дарио Ивановски победи на Скопскиот маратон, заврши пред Кенијците

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања