Промени тема
Контакт

Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
IMG_7134

Голем број улици и булевари во Скопје денес, од 6 до 14 часот, ќе бидат затворени за сообраќај поради одржувањето на 22. Виз Ер Скопски маратон. Возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници, во зависност од движењето на учесниците.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

— реклама —

Посебен сообраќаен режим ќе има и на делови од улицата „11 Октомври“, на потегот од Собранието кон Црвениот крст, како и на делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

Во Аеродром со посебен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

— реклама —

Возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување на сообраќајот ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

— реклама —

Маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе стартуваат во 8:05 часот од пешачкиот премин кај Рекорд на улицата „Димитрие Чуповски“, а учесниците ќе се движат во насока кон Хром.

Трката на пет километри ќе започне во 8 часот во близина на Црвениот крст, а тркачите ќе се движат во насока кон Аеродром. Целта за сите трки е на плоштадот „Македонија“, во непосредна близина на Порта Македонија.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите опфатени со маратонот во периодот од 6 до 14 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на терен.

Граѓаните кои денес планираат движење низ центарот на Скопје, Аеродром или кон Хром треба однапред да ја испланираат својата маршрута и, каде што е потребно, да користат алтернативни сообраќајници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryckd1is3otrtq0WJNLzd

(Фото) Рекордни 15.020 учесници на улиците на главниот град: И македонската фаланга е на скопскиот маратон

Скопје | пред 42 минути

— реклама —
media-librarymh5h9od96okiaKSvvbX

Утре изменет сообраќаен режим во Скопје поради „Виз Ер“ скопскиот маратон

Скопје | пред 14 часа

tose

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, 18 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда

Македонија | пред 11 месец

media-library1gh0s95o6f7ibmbZzO7

Помотивирачка вест нема да прочитате: Дарио Ивановски победи на Скопскиот маратон, заврши пред Кенијците

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања