Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (27 јули) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Според информациите од надлежните грчки органи, штрајкот ќе трае од 5:00 до 9:00 часот по македонско време.
Во тој период, патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин, и за влез и за излез од Грција.
Од МВР информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки и ќе бидат ангажирани сите расположливи човечки и технички капацитети за да се овозможи што полесно одвивање на сообраќајот на македонската страна од граничните премини.
Од Министерството апелираат до граѓаните кои утре планираат патување кон Грција навреме да се информираат и да ги земат предвид можните задржувања на граничните премини.