Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Утре отворен ден за вдомување на кучиња во ЈП Лајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

ЈП „Лајка“ во сабота организира отворен ден за вдомување на кучињата ЈП „Лајка“ утре, сабота /19.02.2022 година/, од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

— реклама —

На отворениот ден во ЈП „Лајка“ се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на Лајка, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување. Дојдете во ЈП „Лајка“ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања