„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Утре протест против сечата на „Орце Николов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Orce-nikolov

Откако во четвртокот градските власти исекоа десетина дрвја на улицата „Орце Николов“ во Скопје, иницијативата Зелен хуман град за утре (13 јуни) закажа протест против уништувањето на зеленилото и за зачувувањето на белите дробови на главниот град, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Сечењето на дрвјата на „Орце Николов“ е последниот инцидент, па покрај искажувањето револт за него, граѓанските организации здружени во иницијативата Зелен хуман град утре ќе побараат ревизија на проектот за реконструкција на оваа улица; пријави по службена должност доколку имало несовесно работење; Град Скопје и општините во иднина задолжително да ги презентираат проектите за реконструкција на улици со цел да не се повтори ваков случај; задолжително на веб-страниците да се објавуваат решенијата за сечење зеленило; да се ажурира Зелениот катастар и тоа да биде обврска во иднина…

Според најавата за утрешниот протест, демонстрантите со една минута молк ќе им оддадат почит на паднатите дрвја, ќе остават цвеќиња, но ќе испратат и порака дека повеќе не смее да падне ниту едно друго дрво на улицата.

— реклама —

Револтот за сечата на дрвјата кај Зелен хуман град е затоа што, како што нагласуваат, повеќето од исечените дрвја на „Орце Николов“ беа со зелени крошни, а не целосно суви и трули како што тврдела Општина Центар.

Локалната власт најави дека ќе засади нови, но граѓанските здруженија сметаат дека дрвјата можеле да се лекуваат наместо да се сечат и да се почека новите да израснат бидејќи ќе требаат децении новозасадените да станат целосно функционални за апсорпција на јаглерод диоксид и заробување на ПМ честичките со листовите.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања