Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Утре во филхармонија завршна манифестација по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
received_1060734214689364

Во Филхармонијата в понеделник (20 декември) во 19:00 часот ќе се одржи завршната манифестација со која ќе биде заокружено чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“.

Оркестарот на Филхармонијата ќе изведе концерт инспириран од творештвото на Блаже Конески, во чии рамки ќе бидат интерпретирани делата „Молитва“ од Тодор Скаловски и „Записи“ од Томислав Зографски. Оркестрацијата е на Ангел Спировски, баритон – Горан Начевски.

— реклама —

Во фоајето на Филхармонијата, присутните ќе можат да ја проследат и изложбата на илустрации пристигнати на конкурсот објавен од Факултетот за ликовни уметности за изработка на јубилејната книга „Блаже Конески поезија и кратка проза“, во издание на Струшките вечери на поезијата.

Влезот за концертот е слободен, а активностите ќе се одвиваат во согласност со мерките за заштита од КОВИД-19 пропишани од Комисијата за заразни болести.

— реклама —

Иницијативата за Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ ја започнаа Министерството за култура и Министерството за образование и наука, а за меѓународните активности се вклучи и Министерството за надворешни работи. Програмата, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се реализираше во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања