Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Утре започнува пописот, надлежните порачуваат дека ќе се спроведе безбедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
popis

Завршени се последните подготовки за почеток на пописот на населението и објектите кој стартува утре. Пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните на денешната прес-конференција.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.

— реклама —

– После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните регони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови, истакна Симовски.

— реклама —

Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека пописот ќе се спроведе безбедно и оти попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.

– Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РСМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика, нагласи Маричиќ.

— реклама —

Истакна дека пописот е неоходен за да може да се добијат да се добијат точни информации за населението и за објектите кои се клучни во креирањето на идните политики во земјава.

– Пописот е натпартиска статистичка операција и задоволен сум што сите релевантни поголеми политички партии го поддржаа. Пописот е потребен пред се за да се создадат услови граѓаните да живеат поубаво. Ова го правиме за нив, рече Маричиќ.

Надлежните на денешната прес-конференција порачаа дека се вложени огромни напори да се организира пописот и оти сега останува на граѓаните заеднички да помогнат да се реализира оваа статистичка операција

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања