ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Утрото студено, но без силен голем минус: денеска сонце и до 10 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 часа -

Македонија
DSC_0047

Утрото во Македонија е студено со минусни температури, но без екстремен студ како во изминатите денови. Утринските мерења покажуваат повисоки минимални вредности, без појава на длабок минус.

— реклама —

Времето е претежно ведро и тивко, со мала до умерена облачност, најмногу во западните делови од земјата. Атмосферските услови се стабилни, без силен ветер и без појава на магла.

Минималните температури се движат од -7 до -1 степен. Најстудено утрово е на Скопје-Петровец со -7 степени, додека во Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово се измерени -6 степени.

— реклама —

Снежна покривка има на повисоките места и планинските центри. На Попова Шапка се измерени 24 сантиметри снег, во Маврови Анови 14, а во Крушево 13 сантиметри. Во Тетово и Ѓуриште снежниот слој изнесува еден сантиметар.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната дневна температура ќе биде меѓу 3 и 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и тивко време со мала облачност, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања