Промени тема
Контакт

Утрово три земјотреси во Македонија, сите во околината на Маврово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zemjotres

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

— реклама —

Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65 км југозападно од Скопje во околината на Маврово и првите два беа со локална Рихтерова магнитуда ML3.2 додека третиот со магнитуда ML2.4, информираат надлежните.

— реклама —

Според досегашните податоци првите два земјотреса беа почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања