„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Увозникот на палмите е под истрага на финансиската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
palmi-ohrid

Финансиската полиција води сериозна истрага за начинот на набавката на фамозните палми на претходната власт со сомневање за испрани голема сума пари. Но тоа не е никаква пречка за новите локални власти, град Скопје, општините Сарај, Липково, Пробиштип... да набавуваат садници од „Росен центар" од село Стримница, општина Желино.

— реклама —

Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми неодамна во интервју на ТВ21 изјави дека се води истрага за злоупотреба на државни пари при набавката на палмите од страна на ЈП „Македонски шуми“. Муареми вели дека пријавената вредност за садниците од компанијата е многу повисока од набавната цена.

Неофицијално, Буџетот на Република Македонија е оштетен за близу 500 илјади евра само при набавката на 1.100 палми, без податок за дополнително потрошените пари за заштита на палмите, за греење, за заштитни најлони... Инаку, речиси 95 отсто од палмите се исушија.

— реклама —

Според некои податоци, целата сума за набавка на палмите од Кина преку „Росен центар“ не била повисока од 130 илјади евра, а минатата власт прикажала дека исплатила 522 илјади евра... Единечната садница на една палма од 8 метри изнесувала 238 долари, а фактурата до ЈП Македонски шуми била 45.501 денар (околу 740 евра) или со ДДВ 53.692 (околу 873 евра).

Инаку Град Скопје во јуни годинава распиша тендер за набавка на садници, а „Росен центар“ потпиша договор со градот за набавка на садници вреден 85.422 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања