Промени тема
Контакт

Ужас во два домa за стари лица во Скопје: сопственички тепале, заклучувале и хранеле штитеници со расипана храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
starica

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две жени – сопственички и управителки на приватни домови за стари лица во Бутел и Центар, осомничени за злоупотреба на службената положба и малтретирање при вршење на службата. Обвинителството соопшти дека постои основано сомнение дека тие постапувале спротивно на Законот за социјална заштита, притоа физички и психички ги злоставувале штитениците и незаконски прибирале пари.

Двете осомничени, според Обвинителството, свесно ги прекршиле дозволите за работа и во своите домови сместиле повеќе луѓе отколку што е дозволено – 27 наместо 21 лице во објектот во Бутел, и 33 наместо 17 лица во домот во Центар.

Во установите немало доволно стручни кадри, дел од вработените немале никакви документи за работа, а корисниците спиеле на троседи, па дури и по двајца во еден кревет. Женски и машки лица биле сместувани заедно, без никакви услови за приватност и достоинство.

„Храната која им била служена имала истечен рок, а од местото се земени мостри за вештачење. Некои лица биле заклучувани во посебни простории, а други примале терапија со лекови што не биле препишани од лекар,“ соопшти Обвинителството.

— реклама —

Во текот на изминатите два дена, по наредба на јавен обвинител, сите згрижени лица биле прегледани од стручни тимови на Институтот за судска медицина, а установите се веднаш затворени.

Од 2022 година до денес, двата домa незаконски остварувале имотна корист од вкупно 2.232.000 денари месечно, иако не исполнувале ниту еден законски услов за лиценцирана социјална установа.

— реклама —

Не воделе евиденција за корисниците, немале досиеја со медицинска документација, ниту записи за хигиена и оброци, а сепак од семејствата наплаќале значителни износи за „услуга“ што не постоела.

По спроведените претреси и обезбедени докази, јавниот обвинител побара од Основниот кривичен суд во Скопје мерка притвор за двете осомничени, поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

— реклама —

„Судијата на претходна постапка го прифати предлогот, и на двете им е определен притвор,“ информираат од Обвинителството.

Двете жени се товарат за нехуман, суров, деградирачки и понижувачки третман врз стари лица, кои нивните семејства ги довериле на грижа во приватни домови — грижа што, како што покажа истрагата, се претворила во тортура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Од утрово голема акција против криминална група, во тек се претреси и апсења

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Серија кражби во Боговиње: од куќи краделе пари, злато и оружје, а однеле и сеф тежок 400 килограми

Македонија | пред 1 ден

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

ОЈО поднесе обвинени за лицето кое со бензин ги полеа и ги запали возилата пред Амабасадата на Република Бугарија во Скопје

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl74dgijaaervcT2c071

Милионски аванс за железнички пруги исчезнал преку фиктивна фактура за набавка на пилешки нозе: кривична пријава против пет физички лица и две правни лица

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања