Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ужас во Петровец: ја гушел и се обидел да ѝ ги врзе нозете со каиш, жената со скршени ребра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
zena

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на селото Петровец, осомничен за тешка телесна повреда при семејно насилство, кривично дело казниво по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 28 октомври, во семејниот дом по кратка вербална расправија, мажот со умисла физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја со раце и нозе по телото и главата, по што ја гушел и се обидел со каиш да ѝ ги врзе нозете. Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот да побегне кај соседите за да побара помош.

— реклама —

Од нападот се здобила со тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на три ребра и бројни хематоми.

— реклама —

Обвинителството оценува дека постои опасност од бегство на осомничениот, но и висока веројатност да го повтори насилството, особено затоа што дел од нападот го извршил во присуство на своите ќерки и малолетната внука.

— реклама —

Поради тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и спречување нови насилни дејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 3 седмици

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања