Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

В сабота „Прличеви беседи 2022“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
prlicevi-besedi-1-1170x836-1

В сабота (5 февруари) во 11:45 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид започнува програмата на годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи 2022“.

Предвидена е изложба на дела од колекцијата на Центарот за култура, како и свеченост посветена на поетот, раскажувач, есеист и драмски автор Трајче Кацаров, лауреат на наградата „Григор Прличев“. Ќе биде изведена неговата поема „Цветко“, која беше наградена на отворениот конкурс што секоја година се распишува во чест на охридскиот и македонски поет Григор Прличев. Исто така, на Кацаров ќе му биде врачена повелбата за најдобра поема за 2021 година.

— реклама —

Во рамките на манифестацијата ќе биде промовирана и монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. Промотор на монографијата ќе биде новинарот и публицист Владо Жура, извадоци ќе чита Анета Јованоска, а Прличевата „1762 лето“ ќе ја изведат оркестарот и пејачката група на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ при Центарот за култура „Григор Прличев“ под уметничко раководство на Татјана Тренеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања