Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Вајтснејк“ во Скопје: Легендарниот бенд на проштална турнеја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
259631078_296652182466119_3441629205123836358_n

Легендарниот бенд „Вајтснејк“ а 12 јули 2022 година ќе одржи концерт во Скопје, кој ќе биде дел од нивната светска проштална турнеја. Концертот во организација на Авалон ќе се одржи на стадионот на АРМ.

— реклама —

„Фронтменот на бендот, Дејвид Ковердејл, одлучи во 2022 година да стави крај на ‘Вајтснејк’, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен“, велат организаторите, кои претходно неколку пати организираа концерти на бендот во Македонија, но и на Балканот.

— реклама —

На концертот „Вајтснејк“ ќе ги испеат најголемите хитови со кои пораснаа многу генерации, Here I go again, Is this love, Fool for your loving, Give me all your love и други.

— реклама —

„Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Вајтснејк, кое речиси 50

години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам. Речиси пет декадентни и вкусни децении“, вели Ковердејл по повод прошталната турнеја.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 24 ноември, а чинат 1500 денари за партер и 2000 денари за фан пит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања