Промени тема
Контакт

Вака не се гради сериозна дипломатија, децидни се дипломатите од Македонскиот дипломатски синдикат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mnr-5

Македонскиот дипломатски синдикат е затрупан од барања на медиумите за коментар за последниот случај на упатување генерален конзул во конзулатот во Њу Џерси.

— реклама —

„Застапувајќи ги принципите на професионалност и неопходноста од највисоки стандарди, МДС е на став дека ваквите злоупотреби и прекршувања на Законот за надворешни работи никогаш не биле, не се и никогаш нема да бидат вистинскиот пат за градење сериозна дипломатија. Уште веднаш треба да запре злоупотребата на оваа репрезентативна професија од страна на политички субјекти кои ја користат можноста за упатување несоодветни кадри на високи дипломатски и конзуларни позиции по секоја цена. Законот за надворешни работи прецизно ги пропишува условите за вакви упатувања, а неодамна донесениот Етички кодекс на Владата дополнително го насочува профилирањето на ваквите потенцијални кадри“, вели Македонскиот дипломатски синдикат.

— реклама —
— реклама —

„Доколку истите не се почитуваат, се побргу ќе оди разградувањето на дипломатската служба, а натрапниците кои се само на краткотрајно поминување низ неа, исклучиво за личен бенефит и билдање на своите биографии, ќе бидат се побројни. Како претставници на фелата, повикуваме веднаш да престане омаловажувањето со дипломатската професија“, додаваат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања