Бојан Јовановски побара од Апелација да добие фер судење за да ја докаже својата невиност.
Тој апелира до јавноста неговото здравје да се остави на лекарите и нивните стручни проценки.
„Ваква здравствена состојба не посакувам никому, оттука замолувам и апелирам на воздржаност и човечност“, пишува Боки 13.
Потоа додава: „Од денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје: Барам фер судење во повторена постапка пред Основниот кривичен суд, милост не барам! Во однос на мојата здравствена состојба, ќе се огласам сега за прв и последен пат: Јас сум со траен инвалидитет, кој не е пропратен физички деформитет и видливост“.