Ване Цветанов за Чавков: Нечовекот кој уништи стотици семејства, сега глуми жртва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vane-cvetanov

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ја коментира пораката која ја испрати осудениот на 18 години затворска казна екс директор на БЈБ, Митко Чавков.

— реклама —

Претходно Чавков ја обвини власта дека ја нарачала, како што рече, пресудата против него. Цветанов вели дека токму Чавков е тој што нарачуваше и монтираше процеси против неистомисленици на претходната власт.

„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семејства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула - за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?

— реклама —

Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.

Почитувани,

Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања