Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Вардар по шести пат во Топ-8 во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
vardar-po-sesti-pat

Вардар победнички го заврши осминафиналниот дуел од ЕХФ Лигата на шампионите со ППД Загреб, откако и во реваншот во Скопје триумфираа „црвено-црните", овојпат со 32-30 (19-13). Сега играчите и стручниот штаб може да размислуваат за следниот предизвик, Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата што ќе биде во вторник и среда во Брест, Белорусија.

Ова е шеста сезона по ред Вардар да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа, а истовремено и 66 победа во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните" се најуспешната машка екипа од Македонија во Лигата на шампионите. Сега грабиме кон следната цел, а тоа пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Нашиот следен ривал треба да биде подобриот од дуелот ПИК Сегед и Висла Плоцк, и веројатно е дека ќе треба да патуваме на дуел во Унгарија.

Во меѓусебните дуели на Вардар и ППД Загреб во ЕХФ Лигата на шампионите сега позитивниот биланс е на страна на нашиот тим. Во 12 натпревари сега Вардар има шест победи, и едно реми.

Вардар покажа дека не постои прв и втор тим, прва и втора постава. Откако во 15 минута Парондо направи „хокеарски измени" и во игра ги внесе, Скубе, Горбок, Војводиќ, Кисељев, Борозан, Шишкарев ништо не се смени во играта. Вардар продолжи да доминира, а оние што беа на теренот „скокаа на глава" за секоја топка, се бореа лавовски без разлика што разликата беше 3-4 гола. На полувреме заминавме со „плус 6" за водство 19-13. Тие шест гола и претходно ги имавме во текот на првото полувреме.

По долгата пауза и операцијата на преднит евкрстени лигаменти во тимот се врати и сергеј Горбок. При првите допири со топката дојде во ситуација да постигне гол, но беше спречен не прописно и изнуди пенал. Во последните секудни од првиот дел левиот бек постигна и одличен гол од десет метри носејќи голема радост на трибините.

— реклама —

Парондо реши да го почне мечот со Калифа Гедбан. Имаше повеќе топки во рацете, но несреќно завршуваа зад неговиот грб. Имаше три интервенции и покажа дека од натпревар во натпревар неговата форма постојано се подобрува и прераснува во врвен голман.

Да не беше опуштањето во второто полувреме ова ќе беше уште еден меч за „десетка" на вардарци. Имавме водство и од „плус7" за 22-15. Тоа беше знак дека речиси е се завршено. Но гостите нм ислеа така. Ги искористија нашите измени во сотавот, и неколкуте загубени топки и нереализирани напади. Предноста полека се топеше и во 57 минута ППД Загреб првпата израмни, 30-30. Потоа следеше гол на Скубе, и во последната минута и гол на Шишкарев.

— реклама —

Целта беше остварена, втора победа против ППД Загреб сезонава во ЛШ, и отворање на вратата кон Келн.

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 32-30 (19-13)

ВАРДАР: Милосављев, Гедбан (8 одбрани), Стоилов 1, Кристопанс 1, Мораеш, Дисингер 1, Карачиќ 3, Скубе 2, Калараш 3, Чупиќ 9, Дибиров 3, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 1, Кисељев 2.

— реклама —

ППД ЗАГРЕБ: Кастелиц, Ристановиќ, Ереш, Мраковчиќ 3, Божиќ Павлетиќ 2, Контрец 1, Буриќ 5, Сршен 3, Хорват 11, Поточник 2, Јотиќ, Равниќ, Мандиќ, Хрстиќ 1, Бичаниќ 2, Векиќ.

извор: RK Vardar

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања