Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Васев: Лажниот левичар Апасиев делува како продолжена рака на Мицкоски, кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Vasev-1

Лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев девет месеци е пратеник во Собранието и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните. Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните, истакна Стефан Васев од СДСМ.

— реклама —

Васев додаде:

Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар.

— реклама —

Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија.

— реклама —

Кочи закони во Собранието а зема плата од граѓаните. Згора на се малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес.

Додека добиваат државни, народни пари Апасиев и Левица во Собранието работат на директна штета на оние кои ги плаќаат, на директна штета на граѓаните.

— реклама —

Блокади, лажни вести, гол популизам, тоа е се што нуди оваа лажна левичарска партија, предводена од лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев.

Левица е производ на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно работат координирано на штета на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања