Промени тема
Контакт

Васев: Мицкоски работи за неуспех на државата и на штета на македонските интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stefan-Vasev-Pres

Мицкоски работи за неуспех на државата и на штета на македонските интереси.

Ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ни кога ситуацијата е тешка и неизвесна. Ние работиме за граѓаните, за иднината а тие навиваат за неуспех на државата.Од ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ и нема што друго да се очекува освен поткопување на сите напори за успех на процесот за добивање прва меѓувладина конференција, односно одглавување на блокадите на патот кон ЕУ, истакна Стефан Васев од СДСМ.

Васев додаде:

Иако е јасен и гласен нашиот став дека идентитетот и јазикот не се и никогаш нема да бидат ставени на преговарачка маса, Мицкоски со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници кога се работи за националните и стратешки интереси на државата.

— реклама —

Не може да очекуваме државнички сенс од политичари кои не гледаат подалеку од својот нос и од својот личен интерес.

Тие попрво би ловеле во матно, отколку да и помогнат на државата да напредува и да се интегрира.

Секој одговорен политичар знае дека во чувствителни моменти се помага на државата а не се одмага. Не се шират невиситини, не се пишуваат лаги на Фејсбук.

Прашањата за иднината на земјата, како што е членството во ЕУ се поголеми и поважни од партиските интереси на било која партија.

Срамно е што ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка, не праќа ниту една порака за успех на процесот.

— реклама —

Не е проблем што нѐ напаѓаат нас, проблем е што свесно и наштетуваат на државата.

Во моментите кога правиме силни напори да добиеме поддршка за почеток на преговорите, најмалку што и е потребно на државата се внатрешните минирања на тие напори и расфрлањето со хушкачка реторика.

Граѓаните за разлика од Мицкоски го разбираат тоа и нема да подлегнат под саботажата на Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања