„Екстремно ниското ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите, го одразува ниското ниво на кое веќе неколку години функционира Христијан Мицкоски. Ако некому досега не му беше јасен човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски, деновиве може да му се разјасни преку неговиот Фејсбук профил. На Мицкоски очигледно не му е доволно тоа што е потрчко и послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите на државата, поткопувањето на здравстениот систем, пироманските деструкции“, вели Стефан Васев од СДСМ
„Не му е доволно ниту што релевантни европски истражувања го посочија како извор на лажни вести. Политичкиот пироман Мицкоски продолжи жестоко и упорно да тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет.Прашање е само од која плажа недолично пишува, навредува и псуе Мицкоски. Толкму може Мицкоски, толкав му е капацитетот, тоа му е нивото. Некој што не може да го издржи критиката, не е кадарен за каква било политичка функција, а камоли за позиција која подразбира носење одговорни одлуки. Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен да води ниту профил на Фејсбук“, додава Стефан Васев од СДСМ.