Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вашингтон размислува за олеснување на санкциите за танкери поврзани со Русија, Иран и Венецуела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за ублажување на санкциите за бродовите од таканаречената „флота во сенка“, кои превезувале нафта и нафтени деривати од земји како Русија, Иран и Венецуела. Целта е да се намалат рекордно високите цени на поморскиот превоз, изјавил американски претставник за „Ројтерс“.

Разговорите се водат само неколку дена откако Трамп привремено ги укина санкциите за увоз на руски дизел. Одлуката предизвика остри реакции од украинскиот претседател Володимир Зеленски, европските држави, но и од некои републикански сенатори во САД.

Зеленски и американските сенатори го оценија потегот како подарок за рускиот претседател Владимир Путин, предупредувајќи дека на тој начин Русија ќе добие дополнителни средства за продолжување на војната во Украина.

— реклама —

Според американскиот претставник, новите разговори во Вашингтон се насочени кон можноста да се дозволи превоз на нафта што не е под американски санкции со бродови кои претходно биле ставени на црната листа. Наместо руска или иранска нафта што подлежи на казнени мерки, танкерите би можеле да превезуваат сурова нафта и нафтени деривати за кои не важат американските санкции.

Крајната цел, додал претставникот, е да се зголеми количината на сурова нафта и нафтени деривати што се извезуваат од Персискиот Залив.

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт неделава, во видеообраќање на Светскиот нафтен конгрес во Ријад, изјавил дека администрацијата разговара за ублажување на санкциите за бродовите од „флотата во сенка“. Според истражувачката група „Енерџи аспектс“, Вашингтон сака да ги намали рекордните цени на превозот, кои ја намалиле побарувачката за американска сурова нафта.

— реклама —

Делови од обраќањето се појавиле на социјалните мрежи, но „Ројтерс“ не успеал да го добие целосното видео ниту транскриптот. Од американското Министерство за енергетика соопштиле дека снимката не е јавно достапна.

Компаниите што сакаат да ги користат санкционираните бродови ќе мора да поднесат официјално барање до американското Министерство за финансии, навел претставникот.

Министерството за енергетика тврди дека евентуалното ублажување на санкциите нема да ѝ помогне на Русија да извезува нафта и нафтени деривати. Министерството за финансии, пак, прашањата за оваа тема ги упатило назад до Министерството за енергетика.

Сепак, настојувањето на Трамп рускиот дизел што побрзо да се пласира на светските пазари може да создаде притисок врз американските министерства да одобрат превоз на нафтени товари токму со овие бродови. Белата куќа засега не одговорила на барањето за коментар.

— реклама —

Високите цени на нафтата и горивата претставуваат сериозен политички ризик за Трамп во пресрет на изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември. Републиканците се обидуваат да ја задржат контролата врз двата дома на Конгресот, а укинувањето на санкциите за рускиот дизел е на сила до 7 април.

Во меѓувреме, цените за превоз на нафта со танкери достигнаа рекордни нивоа. Војните во Иран и Украина придонесоа за инфлациски притисоци, а американската сурова нафта стана прескапа за рафинериите во Азија, кои сè повеќе бараат поевтини алтернативи од Блискиот Исток и Латинска Америка.

Аналитичарите на „Енерџи аспектс“ во белешка до своите клиенти оценуваат дека ублажувањето на санкциите за „флотата во сенка“ веројатно нема значително да ги намали цените на превозот, но може да овозможи поголем проток на нафта од Блискиот Исток.

— реклама —

Според нивната анализа, укинувањето на санкциите за танкерите, од кои многумина се стари и слабо одржувани, тешко дека брзо ќе донесе значително зголемување на капацитетите на главната трговска флота. Дополнително, повеќето танкери санкционирани поради врски со Русија или Венецуела и во последните три месеци активно пловеле.

Аналитичарите сметаат дека ублажувањето на ограничувањата би можело да ослободи само мал број дополнителни танкери за одредени пократки пловни маршрути низ Ормускиот Теснец, меѓу Иран и Оман.

Извори од поморската индустрија предупредуваат дека укинувањето на американските мерки веројатно нема да предизвика општ пад на цените на превозот, бидејќи осигурувањето на бродовите и натаму ќе подлежи на строгите прописи на Европската Унија и Велика Британија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 42 минути

— реклама —
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп по изборниот пораз на републиканците: Ќе се вратиме посилни од кога било

Свет | пред 16 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Вашингтон бара излез од војната: го повикаа Пекинг да изврши притисок врз Техеран

Свет | пред 18 часа

media-librarymsmatm3o2uri0Vo10qP

(Видео) Американската војска погоди и онеспособи трговски брод во Оманскиот Залив

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања