Пратеникот од Независната пратеничка група, Сашо Василески, не отфрла можност тие да влезат во коалиција со СДСМ. Ова следува откако претходно, во јавноста се појавија информации дека ќе се распадне коалицијата на ДУИ и СДСМ. Василевски вели дека конкретно до овој момент немале разговарано за коалиција со СДСМ.
„ Секој пратеник може да стане дел од некоја коалиција. И Амди Бајрам е независен пратеник па е дел од владината коалиција. Ние сме независни пратеници и ние исто така можеме да коалицираме како што ќе процениме дека е од интерес за државата. До овој момент, единствено нешто што сме разговарале со премиерот Зоран Заев е околу нацрт-законот за Јавно обвинителството. Тој е клучен закон за европските интеграции и за тоа се разговараше бидејќи е од врвен интерес за државата и граѓаните. Околу проширување на разговорите влегување на нас како независни пратеници во владиното мнозинство немаме разговарано до овој момент“ - вели Василески за „Скопје1“.