Преблагодарен сум, немам зборови со кои би искажал како се чувствувам јас, но и моето семејство. За прв пат во нашиот скромен дом светат сијалиците, добивме електрична енергија по сите години минати во мрак – за ,,Фокус” раскажува кумановецот Трајко Василевски.
Тој останал сирак на свои 11 години, кога родителите му починале, и поголемиот дел од детството и раната младост живеел со старатели. Имал здравствени проблеми со колкот и отежнато се движи, но кога ја запознал Стефани, бил решен да формира свое семејство и да му пружи добар живот. Поради здравствената состојба која од ден во ден му се влошувала, тој останал без работа, а деновите му минувале обидувајќи се на секој начин да донесе храна за трите ќерки на возраст од една, пет и десет години.
-Преблагодарен сум на редакцијата на ,,Фокус” која ја објави приказната за мене и моето семејство, за тоа како се мачиме во животот. Можам да кажам дека сега, по само еден месец, нашата верба во добрината е појака од било кога. Ни се јави една предобра жена од Скопје, се вика Маја, но не сака да се експонира јавно. Таа ни ја среди целата работа околу приклучокот на енергичната енергија, за прв пат во животот моите деца гледаат светлина во домот!
Нема да седат на свеќи, се радуваат, не сме свикнати на ваква хуманост и добрина. Маја ни ја донесе светлината, таа е нашиот херој. Имавме периоди кога дури и бевме бездомници, постојано барам работа, било што во комуналните претпријатија, би можел да метам улици, да средувам градско зеленило, сеедно што, само да не е работа која бара посебен физички напор бидејќи делумно сум инвалид, вели Василевски за „Фокус”
Парични средства можат да се донираат на следната сметка:
Стефани Василевска 240 147107573075 Уни Банка, или пак телефонски да го контактираат Трајко на 078 646 728.
Текстот во целост на:,,Фокус”