Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Вашингтон алармира: Иран е застрашувачки блиску до нуклеарно оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека Иран е „застрашувачки блиску“ до развој на нуклеарно оружје.

Рајт, за време на сослушување пред Сенатскиот комитет за вооружени сили, изјавил дека Иран е оддалечен само „неколку недели“ од збогатување ураниум до ниво потребно за изработка на нуклеарно оружје.

— реклама —

„Станува збор за неколку недели до збогатување на тој ураниум до квалитет погоден за оружје“, рекол Рајт, додавајќи дека по тоа следува и процесот на вооружување, но дека Техеран е „прилично блиску“ до нуклеарна бомба.

Според него, Иран располага со резерви ураниум збогатен до 60 проценти, додека за производство на нуклеарно оружје е потребно ниво од околу 90 проценти.

— реклама —

Рајт истакнал дека и ураниум збогатен до 20 проценти претставува „многу загрижувачко“ прашање, особено поради големината на иранските резерви.

— реклама —

Според CNN, повеќе претставници од администрацијата на Доналд Трамп ги користеле иранските резерви од збогатен ураниум како аргумент за воен притисок врз Техеран.

Трамп, наводно, барал Иран да ги предаде резервите ураниум како дел од евентуален мировен договор.

„Мудра стратегија е да се бара целиот збогатен ураниум од Иран“, рекол Рајт.

„На крајот, целта е да се спречи и идното збогатување ураниум. За да имаме безбеден свет, мора да се стави крај на нивната нуклеарна програма“, додал тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 1 ден

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 1 ден

media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 2 дена

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања