Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Важен сведок од случајот за убиството на Вања, осомничен дека палел кафуле два дена пред судењето кога требаше да сведочи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sudenje-vanja-pance-6134

Сведокот Гоце Трајковски кој во два наврати не се појави на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, доби статус на осомничено лице - за подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода. Два дена пред да треба да се појави во суд и да каже како собирале докази со Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, тој со уште две лица отишол и запалиле кафуле во стамбена зграда.

— реклама —

„Во однос на сведокот Гоце, тој е осомничен за друго тешко кривично дело и е во моментов недостапен за органите на откривање и органите на прогон. Тој е осомничен за палење на објект-кафуле во кој, над објектот живеат станари. Се работи за тешки дела против општата сигурност, во кој две лица соизвршители“, рече шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски.

— реклама —

Практично, Гоце Трајковски требаше да сведочи на 15 ноември. Неговата мајка, Кираца, која е сведок, кажа дека нејзинот син е во лоша здравствена состојба и затоа не дошол. Тој е поканет да се појави на следното рочиште за неколку дена. Доколку не се појави, ќе се чита неговиот исказ во Обвинителство, а со оглед дека е во бегство.

— реклама —

Инаку, тој се сомничи за намерно палење на угостителски објект.

„На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите. На местото пристигнале со автомобил “Фолксваген голф“, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото. Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор“, вели Обвинителството.

Трајковски во случајот за Вања, требаше да каже како ги поврзал двете убиства - на Вања и Панче. Да раскаже и како дошол до снимките од видео надзорот, од каде црпел информации, каква е поврзаноста на таткото Александар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања