В.д Градоначалникот Константин Георгиевски на 25.02.2019 потпишал решение за ништовност на одобрението за градба на спорниот хотел во Лагадин.
Околку градбата на овој хотел веќе подолг период се крева голема галама. Спствениците упорно си градат, а невлдините и граѓаните се бунат. Последно на 02 февруари на трибина во Охрид Бизнисменот Никола Толески инаку познат во јавноста како инвеститор во објектот во Лагадин, против кој реагираа и се организираа протести , се обрати со прашање до премиерот за неговиот проблем. Премиерот Заев му одговори: Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука. Разговарав со покоен Јован, сега со другите. Премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна.
Но, не е баш се така. Имаено против изградбата на хотелот, која е надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се кренаа бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата и во повеќе наврати, во знак на револт, го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.
На 9 март минатата година, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара од Општина Охрид да го поништи издаденото одобрение за градење. Барањето дојде по заеднички инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културно наследство направен во Секторот за урбанизам во Општина Охрид и на градилиштето за незаконскиот хотел во Лагадин во јануари минатата година.
Инвеститорот се жалеше на одлуката, а Второстепената комисија му ја уважи жалбата и го врати предметот на повторно одлучување во Општина Охрид, за во јуни да продолжи изградбата на хотелот и покрај укажувањата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам дека нема никакво важечко одобрение.
Изградбата на хотелот прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.
И покрај битката против хотелот на охриѓани, инвеститорот изгради четири ката.