Медицинската сестра од Дебар, Јалдз Веапоска, која остана без матка, бубрег и јајник откако отиде да се породи со царски рез во струшката болница, уште чека комисијата назначена од министерот за здравство Венко Филипче да излезе и да образложи зошто и биле извадени овие органи објави slobodenpecat.mk.
-Зошто уште се молчи и која од институциите сака да го заташка случајот? Комисијата беше составена на 13 март и јас бев повикана на сослушување само еднаш. Министерот Филипче соопшти дека на почетокот на мај ќе излезат јавно да го соопштат наодот, но крај на месец мај дојде и уште нема одговор. Одговор немам ни од струшкото обвинителство кое кажа дека за неколку дена ќе излезат со соопштение. Нема одговор ни од Министерството за здравство, ниту од Обвинителството во Струга. Многу долго време се молчи за мојот случај, изјави Веапоска за Слободен печат.
текстот во целост на: slobodenpecat.mk.