Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Вечерва почнува 9. издание на MФФ „Киненова“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
Screenshot-2024-10-15-081915

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание.

Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар, во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот.

— реклама —

Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата.

— реклама —

Во текот на следните фестивалски денови програмата која изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни за нашата јавност ќе може да се проследи во Киноверзум, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела вода.

— реклама —

Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Северна Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе можете да се внурнете и во творештвото на нашиот лауреат преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kinenova1-4

Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“: Режисерката Ева Натена порача - Награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат

Магазин | пред 1 година

thumbnail_462785330_1047558740401128_7147026204479882441_n

Финската современа кинематографија за прв пат пред македонската публика на МФФ Киненова 

Магазин | пред 1 година

goce

Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања