Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вечерва премиера на „ГЛУМиЦИ“ од Артопија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин

Вечерва, со почеток од 21 часот, во МКЦ ќе се случи премиера на „ГЛУМиЦИ“ - новата претстава со колективно авторство од независното театарско здружение Артопија.

„Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш. Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето.

— реклама —

Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе. Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова.

Да пробаме заедно, па ќе видиме.“

— реклама —

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи

Премиерата е распродадена. Наскоро информации за следни изведби.

Претставата е поддржана од Град Скопје и Министерство за култура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања