Промени тема
Контакт

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Градот Скопје продолжува со мерките за сузбивање на комарците, а вечерва ќе биде спроведена 13-тата дезинсекција против возрасни форми на комарци за оваа сезона.

— реклама —

Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, третманот ќе се спроведе теренски, а активностите ќе продолжат и во наредните денови. На 20 август е предвидена теренска дезинсекција, на 21 август во раните утрински часови авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август ќе се спроведува дополнителен теренски третман.

Активностите се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје и одобрен од здравствените власти.

— реклама —

Од почетокот на сезоната досега се спроведени повеќе третмани против ларви и возрасни форми на комарци. Според најавата, до крајот на сезоната бројот на дезинсекции ќе надмине 20.

— реклама —

Ѓорѓиевски посочува дека досегашната динамика, како и планираните активности, покажуваат континуиран пристап во контролата на комарците, со цел заштита на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Утре терестрична дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје викендов

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Скопје од вечерва започнува со прскање против комарци

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

На 9 септември ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања