Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx
ФБ

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ предупредува на, како што велат, зачестено исфрлање бездомни кучиња од други градови во Скопје и изразува загриженост дека ваквата состојба може да се искористи како оправдување за масовна еутаназија. Од организацијата бараат итно активирање на системот „Безбеден град“, пронаоѓање и санкционирање на сторителите, како и системски и хуман пристап кон проблемот со бездомните животни.

„Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје! Со нив се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек.

Нема да биде првпат да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како „решение“.

— реклама —

Бевме сведоци на дискусија во комисијата за комунални работи на Град Скопје каде што од претставник на актуелното градско раководство се нафрли терминот „еутаназија“.

Не сме заборавиле дека Комунална хигиена во времето на Коце Трајановски масовно и симултано труеше низ сите скопски општини. Фрлаа отров накај 3 или 4 сабајле и како војска во 5 или 6 поминуваа и собираа лешеви. Не беа само бездомните кучиња, сите памтиме како умираа и домашни миленици во тие дивјачки хајки! Нема погадна смрт од смртта од отров!

Бараме ВЕДНАШ да се активира Безбеден град во функција на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје.

— реклама —

Бараме ригорозно и неселективно казнување на сите што ќе бидат фатени дека го прават ова

Бараме поддршка од вас, драги сограѓани, ако забележите исфрлање кучиња од возило снимајте и фотографирајте со јасно фаќање на регистарските таблици, но од безбедна оддалеченост!

— реклама —

Ако ова раководство си мисли дека ќе си создаде алиби за еутаназија, сетете се што им се случи на вашите претходници кои имаа неспоредливо поголема поддршка од јавноста за разлика од вас.

Потсетуваме: актуелното раководство во Град Скопје ги елиминираше сите до еден активисти од управниот и надзорниот одбор на Лајка и ги замени со партиски номинации што немаат допирна точка со стратегии за хумана контрола на бездомни животни! За сега само директорката на Лајка е единствената останата активистка на раководна функција со моќ за одлучување во претпријатието.

Дури и да се убијат сите бездомни кучиња и мачиња како што варварски се правело во минатото, за 6 месеци пак ќе бидат полни улиците со бездомни кучиња и нови на пат. Неодговорни сопственици се проблемот, непостоечки/премали казни, како и што напуштањето миленик не е кривично дело“, велат од Зелен хуман град.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања