Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Велешанец повреден од неисправна гасна инсталација за проточен бојлер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
brza-pomos

Велешанец во својот дом  на ул. Христо Татарчев“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во бањата синоќа,  20 – тина минути по полноќ се здобил со повеќе  изгореници на лице и раце од експлозија која настанала од неиправна гасна инсталација на проточен бојлер.

Повредениот 48 годишен К.Б.веднаш со возило на Итна помош  бил однесен во велешката Општа  болница каде му биле санирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.

— реклама —

Како што информира за МИА,д-р Весна Неделковска Николова  пациентот се здобил со изгореници од прв и втор степен на лице и на двете подлактици,а има и отворена рана на левата подлактици, но е вон животна опасност.

-Повредите и раната му се обработени и санирани и оставен е на лекување во Хирушкото одделение при велешката Општа Болница,информира д-р Неделковска Николова.

— реклама —

Настанот за МИА  го потврди и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски чија екипа на СВР Велес  направила увид во несреќата.

— реклама —

На местото на настанот била повикана  и екипа на Територијалната противпожарна единица. Оттаму информираат дека  бидејќи немало пожар при експолозијата, немало и потреба од нивна интервенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања