Ивон Величковски смета дека изјавата на претседателката дека во односите со Бугарија ни се потребни креативни решенија, е исто како двојата формула за името со Грција.
„„Креативни решенија со Бугарија“ 2026 е новата „двојна формула за името со Грција“ од 1993 година.
Бидејќи сите знаеме како заврши „двојната формула“, денес прашањето е дали сакаме нови 25 години застој, за на крај повторно да го прифатиме она што веќе сме го усвоиле.
1.Најчестите коментари кон ставовите на НОВА РЕПУБЛИКА се зошто го употребуваме името на нашата држава – Северна Македонија.
Одговорот е јасен, и затоа партиските ботови од власта и парламентарната „опозиција“ избегнуваат суштинска дебата, бидејќи:
немаат аргументиран одговор, и
нивните партии намерно ја пропуштија формулата „Република Македонија (главен град Скопје)“ erga omnes на Самитот во Букурешт 2008 година, но прифатија дека решението ќе биде за севкупна употреба.
Потоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организираше „консултативен референдум“, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица повикаа на бојкот – со цел да не преземат одговорност, туку да се повикуваат на „народот“.
Уставните измени со Преспанскиот договор беа донесени со гласови од сите, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Денес останатите се обидуваат да се дистанцираат од таа одговорност.
2.Традиционалните партии и од власта и од „опозицијата“ знаат дека договорите со Грција и Бугарија, заедно со Рамковниот договор, ја потврдија целината на нацијата на Северна Македонија и сувереноста на граѓаните.
Таа нација ги штити етничките идентитети на сите, вклучително и македонскиот, преку сувереноста на граѓаните и државотворноста на сите народи во државата – а не преку партиите.
Затоа традиционалните партии ја изгубија политичката смисла и станаа неупотребливи за олигархијата, која преку нив ги одржува своите привилегии и економска неконкурентност во затворениот пазар на Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, по инструкции од Белград – и пред и по 1991 година.
3.Врз основа на трите договори, со Европската Унија беше усогласена Преговарачката рамка со согласност на сите земји-членки.
Условите и стандардите се јасни и за Скопје и за Брисел, вклучително и за Софија и Атина.
Процесот на пристапување го следи Брисел како целина – не како список од желби.
Овој процес е обврска за секоја земја од регионот:
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.
Албанија и Црна Гора веќе создадоа преговарачки бран, на кој Северна Македонија може да се приклучи веднаш по донесувањето на уставните дополнувања.
Од тие причини, ниту Брисел ниту соседните метрополи не прифаќаат кавги, медиумски интерпретации или бегање од уставните амандмани.
4.Во обид да ја задржи контролата врз регионалната динамика, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по дебаклот со делегацијата на Европскиот парламент, од Сараево се обиде да се претстави како „носител“ на европските интеграции и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија.
Соочен со политичка нестабилност во Србија, со Албанија врз која нема влијание без „Отворен Балкан“, со Црна Гора која преговара директно со Европската Унија и со Косово кое не е под санкции – оваа изјава бара јасна реакција од Владата на Северна Македонија и од министерот за надворешни работи.
Молкот ќе значи прифаќање на подреденост на евроинтеграциите на Скопје под Белград.
Таканаречените „креативни решенија“ и отворање затворени теми се фактичка согласност со таа подреденост.
Дополнително, преку своите традиционални партнери во Будимпешта и Братислава, кои гласаа „за“ системот ETIAS – против кој денес протестираат превозниците од Западниот Балкан, вклучително и од Северна Македонија.
П.С. Ако превозниците ги блокираат граничните премини кон Шенген-зоната – зошто се блокираат и премините меѓу земјите од Западниот Балкан?
И по чија идеја?“, пишува тој.