Промени тема
Контакт

Величковски: Случајот со марихуаната има пошироки импликации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT
Илустрација / Скопје1

Ивон Величковски, претседател на Либерална партија, преку објава на Фејсбук реагираше за, како што наведува, обид за цензура околу аферата со запленетата марихуана. Тој посочува дека случајот има пошироки импликации и повика на поголема транспарентност и одговорност од институциите и медиумите.

„Пораката гласи: Не се прифаќа обидот за цензура од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и медиумите на аферата 40 тони марихуана

Навидум едно "протоколарно" известување на Амбасадата на САД во Скопје:

"Вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс пред кратко време протоколарно се сретна со министерот за надворешни работи Муцунски, министерот за одбрана Мисајловски и министерот за внатрешни Тошковски. За време на средбите в.д. Варнс ја потврди извонредната соработка по заедничките приоритети, вклучително трговијата, колективната одбрана и безбедноста на нашите две нации".

Еден ден пред премиерот и министерот за внатрешни да излезат на снимки со запленетата роба.

— реклама —

Истиот ден кога невешто:

- Мицкоски на прес инсистираше да не се верува на медиумите во Србија дека таму запленетата марихуана не потекнува од Северна Македонија, а

- Заев со писмо сакаше да се дистанцира од марихуанската афера иако дејноста се "регулираше" во неговиот владин мандат, а последиците од "регулативата" се мерат во тони шверцувани психотропни супстанци.

— реклама —

И два дена откако медиумите веста ја третираа небаре се случила во Сомалија.

Бидејќи марихуаната меѓу Северна Македонија и Србија очигледно транзитирала полесно одошто брашно.

— реклама —

Цензурата кажува дека:

- Ова е повеќе од афера и имплицира далеку вон границите на регионот. Молкот на ЕУ амбасадите затоа е особено интересен.

- Операцијата секако не е домашна“, вели Величковски.

media-libraryf452e9b3s0ki8NmzrvH

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymqb4ql6p874feD3Wk6D

(Видео) Македонија, Косово и Грција во заедничка акција: Уапсени повеќе лица, запленети 300 килограми марихуана

Македонија | пред 2 седмици

media-library73gfoge86c3a2DFj7L5

Татко и син фатени со пет килограми марихуана: Дрога и дигитални ваги пронајдени при претреси во Скопје и Арачиново

Скопје | пред 1 месец

UaYct-

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Поранешни претседатели на ограноци на СДСМ се вмешани во трговијата со марихуана, случајот се продлабочува, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања