Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Велика Британија отвори истрага против TikTok поради заштитата на децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
TikTok-75646

Британскиот регулатор за комуникации „Офком“ отвори официјална истрага против TikTok поради сомнежи дека платформата не обезбедува доволна заштита на децата од штетна содржина и дека системот за проверка на возраста на корисниците не функционира ефикасно.

— реклама —

Истрагата ќе утврдува дали TikTok ги исполнува обврските предвидени со Законот за безбедност на интернет, кој постепено се применува откако стапи во сила во октомври 2023 година.

— реклама —

Од „Офком“ соопштија дека нивната ревизија покажала оти платформата не презема доволно мерки за заштита на децата и покрај бројните докази за потенцијално штетната содржина. Регулаторот изразил и сомнеж дека дел од системите за проверка на возраста не успеваат правилно да идентификуваат значителен број малолетни корисници.

Доколку се утврдат прекршувања, TikTok би можел да се соочи со казна до 18 милиони фунти или 10 проценти од глобалниот приход на компанијата, во зависност од тоа кој износ е поголем. Регулаторот има можност да побара и судска наредба со која би се ограничил пристапот до платформата во Велика Британија.

— реклама —

Од TikTok ги отфрлаат обвинувањата и велат дека применуваат строги правила за содржините соодветни на возраста, користат напредни технологии за процена на возраста на корисниците и дека во последните осум години инвестирале милијарди во безбедноста на платформата.

— реклама —

Истрагата доаѓа само еден месец откако британската влада најави забрана за користење на социјалните мрежи за лица помлади од 16 години, која треба да стапи во сила во пролетта 2027 година. Мерката ќе ги опфати TikTok, Instagram, Facebook, YouTube, Snapchat и X. Дополнително, за корисниците на возраст од 16 и 17 години ќе биде овозможена опција за ноќно ограничување на користењето на социјалните мрежи и исклучување на бесконечното скролање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

TikTok-75646

ЕУ утврди пропусти во заштитата на децата на „ТикТок“, можна висока казна

Свет | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Големо враќање на занаетите: ТикТок го менува изборот на младите

Свет | пред 2 седмици

aplikacii-telefon

Како TikTok и кратките видеа го менуваат начинот на кој функционира мозокот

Магазин | пред 1 месец

TikTok-75646

Флорида го тужи ТикТок

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања