„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Вељаноски: Ниту сум помислил ниту сум кажал на некој да ги отвори вратите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

trajko

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој денеска во Кривичниот суд сведочи за настаните од 27 април рече дека нема СМС комуникација со кои давал наредби за случувањата од тој ден.

— реклама —

– Ниту сум помислил,  ниту сум кажал некому да ги отвори вратите во Собранието, истакна Вељаноски, во одговор на прашање поставено од обвинениот Никола Митревски-Кољо.

Тој рече дека бил „фрапиран од немилите настани“.  Додаде дека не дал налог пратениците да ја отворат вратата и дека не знае дали некој друг дал таква наредба.

— реклама —

– Како претседавач ми беше важно согласно Деловникот да започне и да заврши седницата и да биде избран претседател, рече Вељаноски.

Според него, сегашниот претседател Талат Џафери е избран спротивно на собранискиот Деловник бидејќи ја прекинал седницата и нејзиното продолжение било закажано за утредента во 11 часот.

По завршувањето на седницата на 27 април тој рече дека заминал во својот Кабинет каде што бил со сите вработени во Кабинетот, а имало и пратеници. Вељаноски од своето лично обезбедување, сега обвинет Горан Ѓошевски Леви побарал да ги заштити вработените од Кабинетот.

Вељаноски кажа дека во холот пред Кабинетот на секои две до три минути одекнувале шок бомби, а демонстрантите се обиделе да влезат во Кабинетот. Во еден момент на Ѓошевски му се слошило, и дел од демонстрантите упаднале внатре. Вељаноски рече и дека останал во Собранието се додека не биле евакуирани сите пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања