Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Велјановски: Борбата против криминалот и корупцијата е наша клучна заложба и нема отстапување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Македонија
media-library2ld2t4nf44ffdkjPT3I

Александар Велјановски (ВМРО-ДПМНЕ) во емисијата „Анализа“ на ТВ24 изјави дека борбата против криминал и корупција е клучна заложба на партијата и дека во речиси две години власт не отстапиле од целта за зајакнување на правната држава. Тој рече дека Владата му дала време на јавниот обвинител да покаже резултати, а со новиот обвинител очекува интензивирање на предмети. За оставката на Ленче Ристоска, наведе дека е лична одлука и ја оцени како потенцијално позитивна, со можност надлежните да ги проверат нејзините тврдења.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24 каде се осврна на борбата против криминалот и корупцијата, за што истакна дека е клучна заложба на ВМРО-ДПМНЕ, а во изминатите нецели 2 години не отстапиле од таа цел.

„Би го дефинирал како заложба на ВМРО-ДПМНЕ која што е уште од кампањата која беше за парламентарните избори и еден од пиларите за кои што се залагаше и го побара гласот и поддршката од страна на граѓаните во текот на кампањата, беше токму борбата против криминал и корупцијата и сметам дека во овие нецели две години од владеењето не отстапивме ниту еден милиметар, од тоа дека треба да се обезбеди право и правна држава кој што е еден од постулатите на ЕУ“, рече Велјановски и додаде:

— реклама —

„Апсолутно сметам дека покажавме како политичка партија и како влада едно високо ниво на капацитет со тоа што дозволивме на некој начин и покрај тоа што судбината на јавниот обвинител зависеше директно од волјата на Владата и мнозинството во Собранието, тој имаше можност две години да покаже, докаже дека работи во расчистување на предметите коишто беа дел наследени, а дел отворени во негово време“.

— реклама —

Според него, со назначувањето на новиот јавен обвинител, за кого нема забелешки во однос на неговата стручност и посветеност, ќе се интензивираат одредени предмети во наредниот период.

— реклама —

„Не е ништо поразлично од она што е наша генерална заложба, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата поради која и генерално ја добивме поддршката на изборите односно казната која што беше упатена кон СДС, која што на изминатите паралaмнтарни избори беше во рангот на статистичка грешка. Можеби се ова малку тешки зборови, но тоа го покажуваат бројките, и од парламентарните, подоцна претседателските избори и локалните избори“, вели Велјановски.

На прашањето околу оставката на обвинителката Ленче Ристоска, тој кажа дека е нејзина одлука, а истата и самата ја образложила, а како што вели Велјановски може да се гледа на тоа како позитивен чекор, бидејќи според него, таа била остатокот од СЈО кое нанесе штета на правниот систем, правната држава и многу судбини во земјава.

„Нема отстапување од нашите заложби и во однос на оставката, сметам дека обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка, тоа е нејзина одлука, одлуката ја образложи. Дали се работи за еден маркетиншки моментум по таа изјава или реалност, еве има повторно надлежни органи кои би можеле повторно да направат истрага и да одлучат дали има вистина во нејзините изјави“, заклучи Велјановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbu01n69ld20fY2IoK8

Велјановски: ДУИ секогаш кога губи прибегнува кон потпалување на меѓуетнички односи

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања