Промени тема
Контакт

„Верата е во срцето и душата, а не во устата и на истетовираното тело“, Боки 13 удри јако за Велигден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2022-04-25-at-12.12.24

„Секоја минута помината со саканите и блиските е поважна од било што друго. Секој ден треба да го живееме со добра мисла. Во ова време-невреме вистински ни е потребно покајанието и сплотеноста, бидејќи навистина е лицемерно и нехристијански само на празник навидум сите да се сакаме и почитуваме, а веќе од утре да шириме омраза, да бидеме од туѓи потуѓи, поделени, скарани, обесправени...“, напиша Бојан Јовановски-Боки13.

Тој додава:

— реклама —

„За мене верата и вербата се многу интимна и лична работа. Моето искуство ми говори дека ништо лошо не сум доживеал од оние кои не се фалеле и покажувале дека се големи верници, напротив зло ми нанеле оние кои се колнеле во Господ, а лажеле, и оние кои на своите тела го тетовирале светиот лик на Богородица и други светци... е од такви да се пазите, тие се Јуда и Пилат на нашето време!!!

Верата е во срцето и душата, а не во устата и на истетовираното тело!!! Камо среќа сите да бевме толку големи верници и вистински христијани, колку што сме верници и христијани позади тастатура!

— реклама —

И камо среќа честитките од високите државни функционери да се вистински, а не паушално напишани од некој службеник од нивните кабинети. Денеска честитки а утре предавства во секоја смисла ( чест на ретките политичари кои тоа го прават со искрени и чесни намери )

— реклама —

Ме одушеви обраќањето на Г.Г Стефан, нека е здрав и жив ! Велигден е победа на доброто над злото, па во тоа име почитувани, нека е за многу години Христовото воскресение! Честит Велигден, Христос воскресе. Ова се фотографии од минатата година додека бев во домашен притвор, вистинската среќа е во малите нешта, пронајдете ја каде и да сте... Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Boki-13-1

Боки 13 испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот, вели Божиновски

Коментари | пред 3 години

— реклама —
boki-13

Поради линчот и тортурата, здравјето на Боки 13 му е во алармантна состојба, а живот загрозен, кому му одговара да умре?, прашува правниот тим

Македонија | пред 3 години

boki-13

Коментар на денот: Државата, системот, моќници или кои и да е се решени да го убијат Боки 13

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-23-at-19.57.53

Која е докторката која не му дава терапија на Боки 13, со што му го загрозува животот

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања