Верници се поклонуваат пред чудотворната икона на св. Богородица Брзопослушничка во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ikona-strumica

Струмица и струмичани го одбележуваат споменот на доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, пред две години, дар од братството на манастирот Дохијар на Света Гора, објави strumicanet.com.

— реклама —

Порталот пренесува дека иконата е носена од струмичани, кои и ја донесоа од Света Гора, по свечената литургија во 16:00 часот од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, низ улиците на Струмица се упати кон црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ и таму ќе биде до утре до 11:00 часот од каде ќе се упати по булеварот „Маршал Тито“ до плоштадот „Гоце Делчев“. Таму е предвидено молитвословие проследено со кратки поздравни слова, по што ќе продолжи назад во Црквата „Свети Петнаесет“.

Голем број верници од Струмица се вклучија во литијата, а се очекува утре на оваа свеченост да присуствуваат и голем број верници од регионот.

— реклама —

Пред две години иконата беше донесена како подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора. Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, една од нив е иконата во Струмица.

Извор: strumicanet.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања