Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Верските лидери со апел до граѓаните, да ги почитуваат мерките против коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
verski-lideri

Верските лидери во земјава упатија апел до граѓаните да ги почитуваат мерките против коронавирусот.

„Ние, Црквите и верските заедници, испраќаме едногласен апел до сите наши верници и до сите граѓани на нашата држава на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските, на здравствените работници и со тоа на севкупното општество. Доследното почитување на мерките не треба да се толкува како имање слаба вера, туку како имање љубов и грижа за другите“, се наведува во заедничкото соопштение на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, в.д. реисул улема на Исламската верска заедница х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, бискупот скопски и епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов, претседателката на Еврејска верска заедница Романо Николиќ и супериндендентот на Евангелско-методистичка црква Марјан Димов.

— реклама —

Во апелот се наведува дека сега е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба.

— реклама —

„Мерките треба да ги почитуваме постојано, во внатрешен и надворешен простор, на работните места, во верските храмови, во домовите и на јавните површини. Во овие времиња да бидеме силни и свесни дека искушенијата доаѓаат поради лично преиспитување и зацврстување во верата“, се наведува во апелот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања