Мандатарот Димитар Ковачевски ги убедува пратениците дека новиот состав на Владата ќе даде резултати, а дека министрите ќе го направат животот на граѓаните подобар.
Ковачевски вели:
„Збир на континуитет, на добрите политики и искуства, но и на промени, со единствена цел за поефикасно, целосно и успешно решавање на старите и новите предизвици. Тим на луѓе кои ќе испорачаат резултати, но и нова вредност преку личниот пример за работа, солидарност, чесност, одговорност и отчетност.
Удвојување на економскиот раст, справување со енергетската криза, одговор на пандемијата, зголемување на минималната плата и пензиите, бескомпромисна борба против корупцијата и продолжување на евроинтегративниот процес со заштита на иденитетот се клучните столбови во Програмата.
Силно сум уверен дека позитивните промени што сакаме и мораме да ги направиме во овие две и пол години, ќе не подготват за новото време и декадата пред нас.
Ќе дадеме се од себе да успееме да бидеме подобри и поефикасни! Верувам дека заеднички ќе успееме!“.