Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Весковски нуди решение за проблемот со паркирањето во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
thumbnail_pres1

Веднаш ќе започнеме да ги решаваме проблемите со паркирањето во сите делови на општина Карпош – Карпош 1 и 2 – кај Драмски театар, Карпош 3 и 4, кај Млечен, Влае..., најавува кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски.

— реклама —

Спроведувањето на проектот за воведување на зонско паркирање во овие делови ќе ги подобри условите за паркирање на жителите, кои бесплатно ќе ги користат паркинзите. Посетителите на деловните субјекти, од друга страна пак за симболична цена, комфорно и безгрижно ќе можат да го поминат времето на одредената локација. Истовремено ќе се создадат зелени површини со современо хортикултурно уредување и урбана опрема, што ќе придонесе за сеопфатната цел на нашата политика за зголемување на зеленилото во Карпош.

Средствата кои ќе се влеат во општинскиот буџет, ќе бидат искористени за финансирање на проекти за изградба на нови детски игралишта.

— реклама —

Целта е да овозможиме што почиста и поздрава околина за живот на нашите сограѓани, вклучувајќи ги и најмалите жители.

Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања